Милица Петровиќ (17) од Белград за српски Блиц прозборе за шокантното искуство како сезонски работник. Таа берела малини и вели дека сите работници имаат рани и за тоа на никого не му е гајле и додава дека се 30 работници и за сите нив има само еден тоалет.
– Доаѓаме многу уморни и чекаме со часови да се тушираме. Газдите дури ни се дерат зошто секоја вечер се тушираме. Потоа спиеме четири часа, па пак одново. Храната ни ја подготвува дете од 12 години. Ако сме гладни и изедеме повеќе од предвиденото, тој почнува да ни се дере „ Што јадеш толку, треба да има и за другите“, раскажува Милица.
Таа случајно згазила неколку малини кои биле на земјата, а газдата кога видел почнал да и се дере.
– Ми се дереше многу, дури се плашев дека ќе ме удри, вели Милица.