Забрана за движење низ шума од 7 до 17 часот – казните од 1500 до 2000 евра


Се воведува ограничување на движењето на сите лица во шумите и шумските појаси од денеска до 15 август во термин од 7 часот наутро до 17 часот попладне (освен ако лицето нема добиено соодветна дозвола од Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми „Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја).suma22

Ова ограничување не важи за вработените во Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми „Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја.

Во периодот од 17 часот попладне до 7 часот наутро дозволено е движење на граѓаните во шумите и шумските појаси заради одмор и рекреација на сопствена одговорност за својата безбедност и обврската за ненанесување на штети на шумата (палење на отворен оган во шума и др).

Ова ограничување не важи за организирана тура на туристи за туристичко разгледување на шумите со стопанска намена и Националните паркови во Република Македонија, која ќе биде во придружба на престваник од ЈП „Македонски шуми“ или Националните паркови.

Ако не се почитува ограничувањето, глобата е од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност.

Исто така, забрането е палење на стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловиштата и друг земјоделски отпад на земјоделско земјиште како превентивна мерка за заштита на шумски пожари. За непочитување на одредбите од аова забрана се предвидува глоба во износ од 1.500 до 3.000 евра во денарска противвредност.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1