Дачиќ направи циркус: Му пееше на уво на Еди Рама за роденден!


Српскиот шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ на свечената вечера на Самитот за западен Балкан во Париз му пееше на уво на Еди Рама, премиерот на Албанија.

Имено Франсоа Оланд, претседател на Франција, организираше свечена вечера по самото завршување на самитот. Бидејќи на Еди Рама тој ден му беше роденден, тој го замолил Дачиќ нешто да му отпее.dacik-rama

Се разбира главниот пејач на политичката сцена оваа понуда не ја одбил. Дачиќ на цел глас му ги пеел на Рама „О соле мио“ и „Санта Лучија“, а пред да запее прашал: А каде ви е оркестарот?

На изненадување на Ангела Меркел, германската канцеларка и домаќинот Оланд, наведуваат медиумите, Дачиќ запеал како на концерт и ништо не можело да го спречи да ги покаже своите пејачки способности.

-Оланд, Меркел и Фредерика Могерини го прегрнуваа и бакнуваа- говори изворот кој бил на вечерата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1