Убиството на двајцата Афроамериканци, кои го извршиле припадници на полициите во Луизијана и Минесота покажува дека САД имаат „сериозен проблем“, изјави денеска американскиот претседател Барак Обама.
Тој додаде дека го дели чувството на „лутина, фрустрација и жалост“, кои овие убиства ги предизвикаа ширум земјата.
Во својата прва јавна реакција на овие случаи, Обама изјави дека е јасно дека тоа не се изолирани инциденти, додавајќи дека САД премногу пати виделе вакви трагедии и оти сите Американци би требало да бидат длабоко вознемирени поради тоа.
Во Минесота синоќа имаше протести, откако полицијата го уби Афроамериканецот Филанд Кестил, само два дена откако полициските сили во Луизијана исто така убија Афроамериканец, кој продавал музички ЦД-а пред продавница.
Разлутените демонстранти се собраа пред вилата на гувернерот и во близина на местото, на кое е убиен Кестил, извикувајќи „Полицијата е таа што треба да одговара“