ТРАГЕДИЈА: Детенцето кое почина вчера било со автомобил прегазено од родителот


Детето што почина синоќа во Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“, поранешна Градска болница, било прегазено од автомобил.gradska nokj

Како што пишуваат медиумите, детето го прегазило еден од родителите кој со автомобил се движел во рикверц и најверојатно не забележал дека детето е зад возилото.

Повреденото дете од скопското село Страхојадица во Општина Зелениково на возраст од 1,5 година било однесено во болница вчера околу 20 часот каде што по кратко време починало.

Резултатите од обдукцијата треба да покажат од какви повреди починало детето.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1