Француските власти почнаа да ги објавуваат првите конкретни информации за жртвите од терористичкиот напад во Ница. Како што пренесе локалниот весник Ница Матан, дури 54 деца се хоспитализирани по синоќешниот напад, а се уште нема точни податоци колку дечиња загинале.
Францускиот весник исто така објавил дека меѓу загинатите има и странци. Потврдена е смртта на еден Украинец, а американските медиуми објавија дека меѓу жртвите има најмалку двајца нивни државјани.