Мажот кој вчера со секира и нож влетал во патнички воз и ранил 20-тина лица е 17-годишен бегалец со авганистанско потекло, потврди министерот за внатрешни работи на Баварија Јоаким Херман.
Четири лица се борат за живот откако вечерва околу 21:45 часот по локално време, напаѓачот влегол во патнички воз и со нож и секира почнал да напаѓа патници во населбата Хајдингсфелд во Вирцбург, јужна Германија.
Полицијата го застрелала кога се обидел да побегне од местото на настанот.