Ердоган ги измамил воените ловци што го имале на нишан неговиот авион, кој бил маскиран во патнички (ВИДЕО)


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во моментите кога почнувал обидот за воен удар во Анкара и Истанбул одморал во Мармарис, не знаејќи дека следуваат најопасните 12 часа од неговиот живот, пишува британски Дејли мејл.erdogan-avion

Додека се стемнувало во популарното одморалиште на Мраморно Море тој примил телефонски повик со кој му било кажано дека во опасност се и неговиот живот и иднината на Турција. На другиот крај на линијата наводно бил воен командант кој го предупредил дека три воени хеликоптери „блекхок“ со одметнати војници се на пат кон одморалиштето да го фатат или убијат.

Во паника, 62 годишниот турски претседател бил префрлен под оружена заштита до приватниот авион кој го чекал на аеродром во близина, додека трите хеликоптери се спуштиле пред вилата во која престојувал, сопственост на поранешниот тркач Јазиџи Серкан. Војниците наводно го згрешиле објектот и влегле во соседниот хотел, што му дало доволно време на Ердоган да избега.

Но дури и откако се кренал во воздух авионот на турскиот претседател не бил безбеден, бидејќи му било кажано дека два одметнати ловци Ф-16 го пребаруваат небото за да го урнат неговиот авион.

Само брзото размислување на пилотите спречиле катастрофа за Ердоган, бидејќи успеале да го маскираат претседателскиот авион „галфстрим“ за бунтовничките пилоти да мислат дека станува збор за патнички авион.

Два часа подоцна Ердоган веќе беше во Истанбул и држеше говор пред лојалистите кои успеаја да го спречат државниот удар.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1