Идентификацијата заврши: Една третина од жртвите во Ница се муслимани


Најмалку 30 отсто од луѓето убиени во терористичкиот напад во Ница минатата седмица, биле муслимани, соопшти денеска локалната исламска организација Сојуз на муслиманите во Алп Маритим.

Портпаролката на Сојузот изјави дека за барем една третина од жртвите во толпата која го чествуваше националниот празник на Франција, се организирани муслимански погреби, пренесува „Њујорк Тајмс”.nicaaa-640x404

Париското обвинителство соопшти дека идентификацијата на сите 84 убиени лица во нападот завршила денеска. Бројот на ранетите во нападот се искачи на 308.

Инаку, идентификацијата на телата на жртвите од нападот во Ница покажа дека од 84 загинати 38 се странски државјани, соопшти денеска француското Министерство за надворешни работи.

Жртвите на терористичкиот напад потекнуваат од 19 држави – Алжир, Германија, Ерменија, Белгија, Бразил, Естонија, САД, Грузија, Италија, Казахстан, Унгарија, Мароко, Полска, Романија, Русија, Швајцарија, Тунис, Турција и Украина.

Одговорност за нападот презеде ИД.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1