ГРОЗОМОРНО: Пронајдени 8 мртви новороденчиња- мајката осудена за убиство на 4 од нив


Германка беше осудена денеска на 14 години затвор поради убиство на четири свои бебиња, кои ги задушувала веднаш по раѓањето, јави ДПА.germanka-sudenje

Осум тела на новороденчиња беа пронајдени минатата година во домот на 45-годишната Андреа Гопнер во Валенфелс во покраината Баварија, но три од нив биле толку многу распаднати, што не било можно да се одреди причината за нивната смрт. Последното бебе било родено мртво. Поради тоа Гопнер е осудена само за четири убиства.

Обвинителството бараше доживотен затвор за мајката во судскиот процес, кој се одржа во градот Кобург.

Таткото на четирите убиени бебиња бил ослободен, поради недостиг на докази.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1