Морничави сведочења за смртта на девојчињата кои ги уби гром


Соседите и очевидците на смртта на Ивана Ивановиќ и Анѓела Бачевиќ, кои ги уби гром во Александровац, сведочат за стравичниот начин на нивното загинување.brza pomos grom

-Гледав со татко ми низ прозор, беше многу облачно. Одеднаш нешто пукна. Следниот момент видовме девојчиња што лежат и луѓе кои доаѓаат да им помогнат. Едното девојче беше отфрлено во каналот, а на другот му гореа нозете – рекла сосетка на Анѓелина.

Друг очевидец, кој живее спроти дрворедот каде се случил несреќниот случај, кажал дека секунда пред несреќата излегол на порта, да ги пречека своите деца кои се враќале од базен.devojcinja

-Тогаш паднаа првите капки дожд. Ја видов ќерка ми како доаѓа и и викнав да побрза – рекол Бошко, кој меѓу првите дошол да им помогне на девојчињата.

-Светна два пати. Само неколку минути после тоа, минувачка запре автомобил покрај липата каде се нашле девојчињата и викна „Помош“. Кога пријдов, ги видов како лежат. Успеаја да ги транспортираат со автомобил до Брза помош, но залудно- рекол Бошко.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1