СИЛНИ ГРМОТЕВИЦИ И МОЛЊИ: Над 800 громови удрија над Скопје за само два часа
Невреме со катастрофални последици го зафати Скопје. Граѓани од повеќе делови на градот заглавени во нивните возила и панично јавуваат дека водата им навлегува во автомобилите, а од Лисиче јавуваат и дека водата навлегува во куќите.
Специјалните единици успеале да се пробијат до возилата на обиколницата во Скопје во близина на село Стајковци, и им помагаат на луѓето што биле заглавени, пренесува Нова Македонија. Повеќе од 30 возила беа заглавени приближно час и половина
Мобилизирани сите екипи на јавните претпријатија на градот Скопје, противпожарната единица, Водовод и канализација, комунална хигиена, водовод и патишта, МВР, од војската од противпожарната единица.
Четири екипи се пратени во населбите Ченто и Стајковци, два чамца се пратени од противпожарната единица, ангажирани се припаднции на специјална полиција и навојската а координацијата се прави на лице место, на последна автобуска постојка од бројот „45“, каде е најкритичното место
Во екот на невремето кое беснееше во Скопје и околината се случил и верижен судир во близина на наплатната рампа кај Петровец, во правец од аеродромот кон Скопје. Како што јавија очевидци, во верижниот судир учествувале пет возила
На социјалните мрежи објавено е видео на коешто може да се забележи дека Клинички центар во Скопје е поплавен.
@Gjavolot Видеото е превземено од ФБ профил. Клинички центар Скопје, најверојатно Хирургија
Поради невремето повеќе скопски населби останаа без електрична енергија.
ВИДЕО: 21.тв
Центарот за управување со кризи за последиците од невремето кое вечерва го зафати Скопје.
ТВ Нова