Се активира и Управувачкиот комитет за справување со кризи


Вицепремиерот Никола Тодоров кој претседава со Управувачкиот комитет за справување со кризи закажа вонреден состанок на комитетот кој е предвидено да се одржи во 10:30 часот во просториите на Центарот за управување со кризи.

На состанокот се очекува присуство на сите надлежни институции од централно ниво и од локално ниво од зафатените подрачја.tvnova-640x354

Проценките на надлежните се дека заради обемот на загрозувањата од обилните врнежи и поплавите кои ги надминуваат локалните можности, потребно е ангажирање на системот за управување со кризи.

Моментално градоначалникот Коце Трајановски го раководи скопскиот кризен штаб кој дејствува на повеќе локации во насока на справување со последиците од обилните врнежи и предизвикани поплави.

Трајановски моментално е на терен во Ченто каде што помага во евакуацијата на лица од домовите.

Скопскиот кризен штаб е во постојана координација со Владата и институциите на национално ниво, како и со АРМ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1