За 4 часа во Скопје наврна 20% од дождот кој паѓа во текот на цела година


520 литри за метар квадратен дожд наврнуваат во Скопје за цела една година, велат податоците на Државниот Завод за Статистика. Во саботата за само 4 часа на Зајчев Рид наврнале над 95 литри на метар квадратен, или количински, една петтина од дождот кој паѓа во Скопје во текот на цела една година.

Оваа компарација само го дообјаснува неверојатниот интензитет на невремето кое локалните жители го нарекоа „најстрашното невреме кое го паметат во период од 50 години“.poplav666

„На Зајчев Рид измеривме 95 литри, а еве го податокот кој што вели дека во Петровец имало само 5 литри. Значи буквално просторот го загради, природата си го направи своето и придонесе до една ваква несакана катастрофа. Подоцна тргна повторно да се извлекува по логичната траекторија, но повторно нелогично се врати назад и тоа беше оној втор бран што се појави после 10:30-11:00 часот кој што придонесе ситуацијата да стане многу полоша“, изјави директорот на УХМР Оливер Ромевски објаснувајќи го „чудниот“ интензитет на временските неприлики синоќа во Скопје и скопско.

За споредба, невремето и обилните врнежи кои погодија делови од Европскиот континент во почетокот на јуни оваа година, а кои однесоа над 20 жртви и причинија повеќе од 2,5 милијарди евра материјална штета, пред се во Германија, по обилност и интензитет се дури и помали од врнежите кои синоќа го погодија главниот град и земаа над 20 жртви. Во Германија во просек за 48 часа наврнаа, соодветно во м2, по 112 литри во Ксантен, 121 литри во Хаминкелн, 87 литри во Пфаркирхен, 99 литри во Покинг и 150 литри во Рансхофен.

Важно е дека овие бројки се за период од 48 часа, додека во Скопје невремето траеше околу 4 часа. За мал временски период во Скопско наврна толку многу дожд со што се акумулираше вода која нема начин да биде апсорбирана ниту од земјата, ниту од било каков систем за атмосферски води или канализација. Во своите објаснувања, експертите од Германија употребуваат реторика која можеа да ја слушнат и нашите граѓанни од домашните стручњаци за метеоролошки појави.

,,Буквално е лотарија каде точно и кога ќе дојде следната бура. Речиси низ целата земја ризикот од временски непогоди е висок, помал е ризикот во југозападниот и во североисточниот дел. Проблемот е во брзината на повлекување на облаците.Бидејки малата брзина на ветрот предизвикува облаците кои го предизвикуваат невремето да неможат да се помрднат од место . Соодветно на тоа, денес се можни локално тесно ограничени интензивни врнежи во рамките на краток временски период. Очекувани при тоа се 30-50 литри дожд на метар квадратен на час. Околу 2 или 3 часа врнежи од тој тип изнесува колку нивото на врнежи за цел јули во просек”, стои во информацијата објавена од националната германска телевизија ARD во врска со поплавите кои причинија голема штета и човечки жртви во Германија пред неколку месеци.

За она што се случи во Скопје синоќа, директорот на УХМР на Р.Македонија изјави:

„За напомена е и дека Обилните врнежи кои пред две години ја погодија Србија и БИХ , по интензитет беа исти како и оние во Скопје синоќа, односно за еден ден во Белград наврнале 107,9 , во Лозница 110 литри, а во Ваљево 108,2 литри на метар квадратен, сите по себе се рекордни врнежи во своите места кои некогаш се измерени, а резултатот беше 86 загинати и повеќе од 1 милијарда евра штета.

Оттука може да се заклучи, дека она што ни се случи во саботата е една од “најтешките природни непогоди во историјата на Македонија.“

Споредено со Србија и поплавите во мај 2014 во кои загинаа повеќе од 86 луѓе, таму најпогодени беа рурални и планински области односно градови како Обреновац, Шабац, Парачин, Добој, Брчко, Зеница, кои се многу помали од Скопје. Тие во најпогодените подрачја имаа 150 л/м2 за 48 часа, додека вчера на Зајчев Рид за 4 часа се „истурија“ неверојатни 95 литри дожд.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1