Поевтинува бензинот и дизелот – еве за колку


Малопродажните цени на бензините од полноќ се намалуваат за денар и пол, а на дизелот за два денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.benzin benziska mk3

Новата цена на Еуросупер БС 95 ќе изнесува 59,50 денари за литар, на Еуросупер БС 98 ќе биде 61,50 денари за литар, додека дизелот ќе се продава по 46 денари за литар.

Се намалува и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство и ќе изнесува 34,50 денари, а мазутот ќе чини 21,17 денари за килограм.

Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена изнесуваше 41,88 долари за барел, а курсот на денарот во однос на доларот 55,68 денари

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1