Трагедија го потресе Драчево- младо момче е пронајдено мртво во сопствената куќа.
Вчера околу 22 часот и 40 минути во населба Драчево во Скопје, на улицата „Илија Ристевски“, во сопствената куќа бил пронајден пронајден починат 21-годишниот Б.Г., информираат од МВР.
Причините за смртта не се познати.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.