Лекарска грешка во Македонија – НА ЈАСМИНА И ГО ЗАШИЛЕ ДЕБЕЛОТО ЦРЕВО СО ВАГИНАТА (ВИДЕО)


Висока цена на лекарска грешка која можела да го чини живот, и денеска ја плаќа Јасминка Велковска (42) од Скопје. После три години таа за прв пат јавно проговори пред камерите на порталот Нова Тв за својата голгота и катастрофална грешка на хирургот, кои наместо да и го отстранат карциномот на дебелото црево и ја зашиле вагината.

Зафатот е направен под супервизија на американски лекар, а кога симнале од операциониот стол и било речено дека операцијата успешно е извршена.jasminka-velkovska-printskrin-youtube-novatv-mk-11-620x350

„Додека лежев во болницата ме прашаа дали имам гасови. Им реков дека ги имам, но не од анусот туку од вагината. „Па добро“, ми одговорија тие. Неколку дена подоцна, кога морав да извршам голема нужда, место од анусот се ми излезе од вагината. Кога на лекарите им го реков тоа, докторката ми рече да не се грижам дека тоа е нова метода, а јас се трудев да прифатам дека тоа е така, вели Јасминка Велковска.

Со зашивувањето на вагината за дебелото црево, докторите ја пуштиле дома, а дури по неколку месеци, лекарската грешка ја откриле на Клиниката за Онкологија каде отишла на хемотерапија и зрачење.

„Таму за време на компјутерското снимање откриле дека нешто не е во ред, а јас им пренесов тоа што ми рекоа“, дека е во прашање некој нов метод. Итно ме испратија на магнетна резонанца, каде точно е утврдено за што се работи, вели Велковска.jasminka-velkovska-printskrin-youtube-novatv-mk-3

Жената потоа морала повторно да оди под нож. Направени и се четири сложени операции, за да се исправи лекарската гршка, а целиот случај завршил на суд каде докторката на болницата 8 септември, Гордана Божиновска, која е под менторство и супервизија на американскиот лекар, ја извршила операцијата, осудена е на 3 месеци условна казна за кривично дело против здравјето на луѓето.

На така мала казна докторката е осудена затоа што Велковска прифатила договор со отштета од 30.000 евра за да не се влече по судовите и повторно го преживува тоа што го доживеала, но и поради тоа што и требале пари за уште една сложена операција која сега треба да ја изврши во Србија.

Парите уште не ги добила, па сега подготвува нова тужба. Нова ТВ стапила во контакт со директорот од болницата 8 септември, Саша Стојчев кој им рекол дека болницата не бега од одговорност, но дека не може да и исплати отштета затоа што усмата не е наведена во судската пресуда.

Сумата од 30.000 евра која е договорена, не ја покрива во целост осигурителната компанија, односно може да исплати 20.000 евра, а останатите 10,000 евра немаме како да ги исплатиме затоа што немаме документ за покритие“, изјави Стојчев.

Погледнете го видеото:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1