Холивудскиот портал „Радар онлајн“, кој минатата година прв обелодени дека актерот Чарли Шин е ХИВ позитивен, сега објавува нова шокантна приказна од Холивуд.
Порталот тврди дека еден познат холивудски актер е педофил, кој во 80-те години од минатиот век сексуално го злоставувал тогаш 11-годишниот глумец Кори Хаим, кој сега е веќе починат.
– Личноста која се претставува како семеен човек, всушност е сексуален напасник кој за тоа свое злодело никогаш не одговарал, пишува порталот, без да го обелодени името на актерот-педофил.
Според Кори Фелдман, долгогодишен пријател и соработник на Хаим, оваа приказна наводно е јавна тајна во Холивуд. Тој тврди дека силувачот сега веќе е татко и дека никогаш не се изјаснил како хомосексуалец.
Истрагата за злоставувањето на тогаш малолетниот Хаим траела четири години.
– За таа валкана тајна се знае во Холивуд. Тој човек го измами Хаим. Тој беше ранлив и падна на искушението. Му веруваше како и останатите жртгви, мислеше дека е вљубен во својот напасник. Беше збунет околу сето тоа, па беше убеден дека тоа е љубов, изјави Фелдман за „Радар онлајн“.
Кори Хаим, тинејџерска ѕвезда од 80-те, почина во 2010 година на 38-годишна возраст, поради предозирање со комбинација од неколку седативи. Три години подоцна, Фелдман ги објави своите мемоари, под наслов „Кореографија“, каде што, меѓу другото, говори и за својот покоен пријател, како и за немилиот настан кога тие имале само 11 години.