Судиите на мечот Широки брег – Сараево доживеаја вистинска тортура по враќањето дома.
Како што пренесува дневниот весник Аваз, главниот судија Огњен Ваљиќ призна дека тој и неговите колеги биле нападнати по излегувањето од градот.
-Удовиќ и јас се оддалечивме пет километри од градот во правец кон Бања Лука, кога црвен Форд Фокус помина, а потоа и нагло закочи и ни го попречи патот. Само благодарение на прибраноста на мојот колега Удовиќ успеавме да го избегнеме најлошото. Имаа намера да не убијат, затоа што не буткаа кон провалија. Зад себе имам милион поминати километри, но да бев јас зад воланот немаше да преживееме, вели Ваљиќ за Аваз.
Ваљиќ важи за еден од најдобрите судии во БиХ, но му замериле што не покажа црвен картон по еден брутален старт.
-По две минути повторно три возила не поминаа и повторно ни го попречија патот. Удовиќ успеа на време да закочи и да вози половина километар наназад. Кога се свртевме повикавме полиција. Никој не ни се јави. Потоа контактиравме со Салем Пролиќ од ФС БиХ. Тој успеа да ги контактира полициските специјалци, кои не повикаа и не известија да дојдеме на одредено место, каде не чекаа, додава тој.
И на терените беше густо и напнато, но никој не очекуваше ваквото незадоволство да заврши со обид за убиства.