Сообраќаен режим од 16 часот: Погледнете кои улици ќе бидат затворени


Поради фудбалскиот натпревар помеѓу репрезентациите на Македонија и на Италија, денеска сообраќајната полиција ќе воведе посебен сообраќаен режим.

Натпреварот почнува во 20:45 часот на Националната арена „Филип Втори Македонски” во рамки на квалификациите за Европско првенство во фудбал.ilindenska

Се очекува зголемен интензитет на сообраќајот, а сообраќајната полиција ќе воведе посебен режим на одвивање на сообраќајот, односно започнувајќи од 16:00 часот ќе биде затворен за сообраќај дел од ул. „Аминта Трети“ и тоа на потегот од крстосницата со ул. „Јордан Хаџиконстантинов Џинот“, па се до фудбалскиот стадион при што кон стадионот ќе се пропуштаат само возила со посебни пропусници.

Во периодот после 17:00 часот во зависност од потребите и моменталните состојби и интензитет на сообраќајот, ќе се ограничи приодот на возилата уште од бул. „Илинден“, односно кон стадионот ќе се пропуштаат возила со посени пропусници, односно селективното пропуштање ќе биде на крстосниците на бул. „Илинден“.

Од сообраќајната полиција апелираат до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, а доколку дојдат на натпреварот со возила, за паркирање да ги користат околните дозволени паркинг простори.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1