Во масовна гробница во Мексико пронајдени тела на 600 жртви


Посмртните останки на повеќе од 600 тела пронајдени се во масовна гробница, најголема досега во Мексико, јавија синоќа локалните медиуми.

Гробницата е откриена во близина на Тореон, еден од најопасните градови во светот, пренесува Раша тудеј.meksiko

На површина од 16 хектари во општината Сан Педро, кај Тореон, пронајдени се закопани коски, облека, обувки на повеќе од 600 жртви, објави „Нотимундо Њјуз“, повикувајќи се на групата „Вида“, невладина организација која ги претставува членовите на семејствата на исчезнати лица.

Претставничката на групата Силвија Ориц изјави дека останките се испорачани на властите заради идентификација.

Според официјалните податоци околу две илјади луѓе исчезнале во неконтролираните судири на криминалните групи кои се занимаваат со производство, криумчарење и трговија со наркотици.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1