Кандидатот за претседател на САД Доналд Трамп јавно во интервју за еден Неделник им се извини на граѓаните на Србија поради бомбардирањето во 1999 година.
Морам пред се да ви кажам дека бомбардирањето на Србите, кои беа наши сојузници во двете светски војни беше голема грешка. Србите се многу добри луѓе. За жал администрацијата на Клинтон им нанесе многу зло, но и на целиот Балкан, од кој направи хаос. И претходно се извинував на Србите поради американската, а особено Клинтоновата, политика кон нив.
„Мораме да ја засилиме нашата врска со владата во Белград. Кога ќе го превземам управувањето со земјата, целиот курс на американската надворешна политика ќе биде подобар од што е сега“, изјави Трамп.
Тој се осврна и на својата претседателска кампања, истакнувајќи дека нема во план да го успори темпото.
„Мојата кампања е подобра од било која на репибликанските кандидати. Добив повеќе гласови за републиканската номинација од сите во историјата. И Демократската и Републиканската партија мораат да сватат дека не е лесно да се покрене се, но уште потешко е да се запре. А јас не планирам да забавам“, заклучи Трамп.