Ноќва во 2.41 часот во Скопје на булеварот „Видое Смилевски-Бато“, непознато лице извршило разбојништво над 29- годишната Д.Р. од Велес, со привремен престој во Скопје.
Откако оштетената излегла од лифт на четвртиот кат, го забележала непознатото лице како стои во ходникот. Продолжила пешки по скалите, но тогаш сторителот одзади ја фатил за коса, ја удрил по лицето ѝ ја земал кесата што ја носела во рака, а во која имало работна униформа. Потоа со трчање го напуштил местото на настанот.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.