Борче Трајковски, познат во јавноста, како колумнист под псевдонимот Боки Бургија, е вработен во СЈО како лице кое врши технички и помошни работи, одговори денеска на новинарско прашање обвинителката Ленче Ристовска од СЈО.
Специјалното јавно обвинителство (СЈО) на 1 октомври објавило оглас за 12 работни места, а се барале 37. Огласот бил објавен во „Утрински весник“ и во „Коха“. Добиле 41 пријава.
– Лицето е примено како лице кое врши технички и помошни работи. И само тој се пријавил на огласот за тоа работно место. Тој ги исполнуваше условите и затоа е примен на работно место – рече таа.
На прашањето дали ја провериле неговата осудуваност, Ристовска одговори:
-Како што ви напоменав, законот предвидува услови кои што се неопходни за едно лице да биде вработено осудуваноста или неосудуваноста не е една од тие услови, туку дали постои забрана тоа лице да врши одредена професија, дејност или должност, за што ние добивме од судот потврда дека таква забрана тоа лице не поседува, рече Ристоска.
На прашањето: Дали лицето кое што е вработено е осудено и има одлежено затворска казна, Ристоска одговори:
„Како што ви напоменав, законот предвидува услови кои што се неопходни за едно лице да биде вработено осудуваноста или неосудуваноста не е една од тие услови, туку дали постои забрана тоа лице да врши одредена професија, дејност или должност, за што ние добивме од судот потврда дека таква забрана тоа лице не поседува. “
Катица Јанева од неодамна во СЈО си го вработи својот внук од сестра Ѓорги Делиџаков од Гевгелија, студент по економски науки. во април годинава дневниот весник „Дневник“ објави дека во СЈО е вработена Елена Јосифовска, ќерка на обвинителката Елизабета Јосифовска, како и првиот братучед на обвинителот Гаврил Бубевски, како и уште неколку лица кои се во директна роднинска врска со обвинителите во СЈО.