Видео: Канческа-Милевска – рекла-казала, трач-муабети, груба манипулација на СЈО


За жал, морам да констатирам дека денешната конференција во СЈО е дел од однапред планирано сценарио во функција на политичка пропаганда која има цел да го оцрни работењето на Министерството за култура и на вработените во ова министерство, рече Канческа-Милевска

СЈО покажа дека работи површно, врз паушални претпоставки кои немаат врска со вистината. Сите обвинувања се неточни. Ги отфрлам во целост.kancevska-milevska

Тезите на Фетаи се рекла-казала, трач-муабети, груба манипулација со која СЈО сака да стави дамка во работењето на Министерството, беше категорична министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, која ги отфрли обвинувањата кон неа дека наводно потпишувала тендери без регуларна тендерска постапка.

Канческа-Милевска реагираше на обвинувањата од обвинителката од СЈО, Фатиме Фетаи, и нагласи дека работењето на Министерството е чисто и законски.

– Сите проекти и сите постапки се работени според законите. Проектите се чисти како солза. Спроведувани се согласно законите во нашата држава. Секој може да дојде да ги погледне документите и да се увери во нивната законитост – категорична е Канческа-Милевска.

Таа ја одржува прес-конференцијата во Музејот на македонската борба зашто во т.н. предмет „Тендери“ кој го објави СЈО се споменуваат токму договори поврзани со изградбата на овој музеј.

– Ова е музеј за македонска вистина, кој ја прикажува борбата на македонскиот народ за своја држава. Навистина е жално што нашата благородна идеја за ваков објект се става во заложништво на еден политички маркетинг кој е во функција на предизборието – рече министерката.

Таа рече дека очекувале професионален и пред сè објективен пристап во работењето на СЈО, во служба на вистината.

– При моето доаѓање на оваа функција бев свесна дека сите проекти треба да се контролираат и мора да се контролираат. За жал, морам да констатирам дека денешната конференција во СЈО е дел од однапред планирано сценарио во функција на политичка пропаганда која има цел да го оцрни работењето на Министерството за култура и на вработените во ова министерство – рече Канческа-Милевска.

Министерката нагласи дека сите вработени во таа институција чесно и посветено си ги вршеле своите обврски, чесно си ја вршеле својата обврска. Министерката презентира и документи со кои укажа дека потпишувањето на тендерите било согласно сите законски прописи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1