Судски совет: Трпиме притисоци од СЈО и медиумите


По повикувањето на сослушување во својство на осомничени лица на петмина судии на Управниот суд од страна на СЈО за донесена одлука во извршувањето на нивната судска функција денеска со реакција се јави и Судскиот совет на Р. Македонија при што беше порачано дека независноста на судската власт и угледот и достоинството на судиите се нивен приоритет за кои бескомпромисно ќе се борат. sudski-sovet

Претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски истакна дека Судскиот совет на Р. Македонија, претседателите на судовите и сите судии во Р. Македонија се единствени во таа борба за независност на судството и нема да потклекнат на искушенијата со кои ќе се соочат.

-Точката 1 на амандманот 25 од Уставот на Р.М предвидува дека судија не може да биде повикан на кривична одговорност за искажано мислење и одлучување при донесувањето на судските одлуки. Оваа одредба е пренесена и пропишана во членот 65 став 2 од Законот за судовите, истакна Караџовски.

Според него начинот на постапувањето од страна на СЈО како и на други поединци и групи, организации и институции во нашето општество е во спротивност со основните начела и стандарди за независност и непристрасност на судиите кои се воспоставени со националното право, а и со релевантните меѓународни акти.

-Постапувањето на наведените субјекти е во спротивност со амандманот 25 од уставот на Р.М кој децидно ја утврдува самостојноста и независноста на судската Власт во Р.Македонија. Како и членот 99 од Уставот на Р. Македонија кој предвидува дека судијата има неограничен мандат како основна гаранција од евентуални притисоци и влијанија при вршењето на функцијата која е предвидена и со фундаменталните начела за независноста кои што се воспоставени со Големата повелба на судиите на консултативниот совет на европските судии и на Комитетот на министри при Советот на Европа од 2010 година. И членот 6 од Европската конвенција за човекови слободи и права кој го штити правото на правично судење ги воспоставува начелата на независност и непристрасност на судиите кои се детално разработени и низ праксата на европскиот суд за човекови права, рече претседателот на Судскиот совет.

Додаде дека недоличното однесување на одредени чинители во македонското општество кон судската фела покажува нивно неразбирање на нејзината посебна позиција како трета независна власт во оваа држава и има единствено за цел да се поткопа интегритетот на судството.

Караџовски изјави дека е недозволиво какво било влијание врз судските процеси, кои треба да бидат заштитетни од медиумски притисок.

-Правиме обид да го зачуваме сопствениот интегритет како судии и интегритетот на професијата, затоа што се прават обиди за оцрнување на нашиот општествен углед. Апелираме сите да се воздржат од тоа, рече тој.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1