Денеска се слави празникот кој носи зима, ова никако не смее да се прави


Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 7 октомври.

Св. маченици Сергиј и Вакх.

Овие двајца беа видни луѓе на дворот на Максимијан. Но, штом Максимијан дозна дека се христијани, својата наклонетост ја претвори во гнев, па ги испрати во Азија кај својот намесник Антиох, откако претходно ги облече во женски алишта и им стави железни огламници на вратот па така ги водеше по улиците на Рим. Овој пак, Антиох, беше пријател на Сергиј и на Вакх, но откако не успеа да ги одврати од христијанството, ги стави на маки и најпосле ги уби, прво Вакха, а потоа и Сергија. Така, овие две свети души го дадоа на царот царевото, а на Бога божјото и се преселија во вечниот живот околу 303 година.srdjevdan-02-620x350-83105

На овој празник земјоделците посебно треба да внимаваат да не излегуваат со волови на нива, зошто на тој ден не треба да се ора. Се верува дека на тој ден дивите ѕверови стануваат питоми и мирни.

Преданијата велат дека Свети Сергиј на овој ден ги посетува сите опинчари, чевлари и со нив прославува, односно празнува.

Овој ден меѓу православниот свет се смета за природна граница меѓу есента и зимата.

Светиот маченик Полихрониј

Родум од Агатанидската епархија, од родители селани. Како млад аргатуваше на лозјето на некој цариграѓанин. Но како аргатин Полихрониј се предаваше на деноноќен подвиг на пост и молитва. Кога го виде неговиот живот, според чистотата и воздржливоста ангелски, газдата му даде многу повеќе пари одошто имаше заработено. А Св. Полихрониј ги зеде парите и изгради црква. Во времето на Никејскиот Собор Полихрониј беше чтец и во таа прилика покажа толкава ревност во застапувањето на Православието пред аријанците, што го посветија за свештеник. Подоцна овие злобни еретици за одмазда го нападнаа Св. Полихрониј во самата црква и го исекоа на парчиња. Така пострада овој голем бранител на Вистината и чистотата на Православието и прими венец на слава од својот Господ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1