Родителите сфатиле дека нешто не е во ред кога девојчето почнало да одбива да оди во црква. Набрзо потоа, ги пронашле вознемирувачките цртежи.
Свештеникот Хао де Силва (54) од Бразил е приведен минантата недела поради сомнеж дека сексуално злоупотребил петгодишно девојче.
Неколку месеци претходно девојчето одеднаш почнало да одбива да оди в црква и на часови по англиски, кои бесплатно ги држел попот во црквата. Колку што повеќе родителите навалувале, имајќи предвид дека Бразил е многу религиозна земја и незамисливо е да не оди в црква, толку повеќе девојчето запаѓало во лоша психичка состојба. Загрижената мајка го одвела кај психолог, кој се посомневал дека девојчето е силувано и ја посоветувал мајката да пронајде некој знак за тоа.
Кога ја пребарала собата на детето, пронашла вознемирувачи цртежи. Девојчето цртало тажно девојче како лежи додека над него се ведне голем маж со насмевка. Тогаш родителите ги поврзале паничните напади на детето со свештеникот и го пријавиле случајот во полиција.