Во Скопје на ул. „Димче Мирчев“ пред главната капија на Министерството за внатрешни работи, синоќа околу 21,20 часот, Б.П.(29) од Скопје, вработен како новинар во ТВ Телма, бил физички нападнат од страна на К.П.(32) од Скопје.
МВР денеска соопшти дека новинарот повеќепати бил удиран со раце и нозе во пределот на главата и телото и му биле нанесени видливи повреди.
К.П. бил приведен во ПС ОН Центар и по целосно расчистување на случајот поднесени му се прекршочни пријави по член 6 и член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.