Мајката Билјана се запали на гробот на својот син Александар


Билјана Јаќимовиќ, мајката на навивачот на Црвена Ѕвезда, 21 годишниот Александар Јаќимовиќ, кој пред 6 месеци беше избоден во тепачка на навивачи во Чачак, случајно се запали на гробот на својот син додека му палела свеќа.grobista1

Како што дознава ало.рс пламен од свеќата го зафатил фустанот на несреќната жена и таа се здобила со тешки изгореници. Нова трагедија спречиле случајните минувачи кои помогнеле да се изгаси оганот.

-Веднаш ѝ била напавена трансплантација на кожа поради тешки изгореници на ногата! Операцијата добро поминала и пуштена е на домашно лекување. Среќа што имало луѓе на гробиштата кога пламнал фустанот. Сведоците виделе дека незгодата се случила кога таа палела свеќа и дека не запалила намерно. Билјана не била во состојба да се снајде додека пламенот со неверојатна брза ѝ ја голтал целата облека“, наведува соговорник упатен во случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1