Прекршочни пријави за напаѓачот на новинарот на ТВ Телма


Во Скопје на ул. „Димче Мирчев“ пред главната капија на Министерството за внатрешни работи, синоќа околу 21,20 часот, Б.П.(29) од Скопје, вработен како новинар во ТВ Телма, бил физички нападнат од страна на К.П.(32) од Скопје.napadtelma-83405

МВР денеска соопшти дека новинарот повеќепати бил удиран со раце и нозе во пределот на главата и телото и му биле нанесени видливи повреди.

К.П. бил приведен во ПС ОН Центар и по целосно расчистување на случајот поднесени му се прекршочни пријави по член 6 и член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1