Во сабота умерено облачно време со сончеви периоди, попладне во северозападните, западните и југозападните предели нестабилно со локални врнежи од дожд и температури од 13 до 20 степени. Во недела во Македонија умерено облачно време со сончеви периоди и идентични температури од 13 до 20 степени.
Во понеделник претежно сончево со локална облачност и потопло време со максимални температури кои ќе достигнат до 16 односно до 14 степени.
Од утре до среда следува период на стабилно, суво и потопло време.
Во среда кон крајот на денот под влијание на влажен бран ќе има врнежи од дожд, кои ќе продолжат и во четврток, проследени со северен ветер и опаѓање на температурата.