Францускиот министер за одбрана, Жан Ив ле Дриан изјваи дека тројца од петмината загинати во паднатиот авион на Малта, се функционери вработени во Министерството за одбрана во Париз.
Другите двајца се исто така, француски државјани, но за нив не се открива каде работеле и зашто биле во авионот.
Медиумите тврдат дека авионот бил во „разузнавачка“ мисија за надгледување и контрола на Медитеранот и дека за тоа бил опремен.
Авионот полетал утринава во 07,20 часот, но набргу почнал да ја губи висината, се свртел на својот „нос“ по што удрил во тлото и се запалил.
Сведоци на меѓународниот аеродром во Малта, изјавиле дека не се слушнала експлозија при падот.
Засега не е познато што е причина за падот на леталото, а истрагата ја презеле експерти на француското Министерство за одбрана.
Изјавата на министерот Ле Дриан ги разреши сите досегашни нагаѓања за тоа чиј е авионот и кои се патниците во него.
Првично беше соопштено дека авионот бил на ЕУ и дека загинале функционери на Унијата. Подоцна беше јавено оти станува збор за авион на ФРОНТЕКС и дека патниците полетале за Либија.