Во 04 часот по полноќ во Градската Општа Болница “Св.Наум Охридски“ во Скопје бил донесен 35-годишниот Ј.З.од Скопје, со тешки повреди.
Според податоците од полицијата, инцидент се случил околу 03 часот и 30 минути пред дискотеката во студентскиот дом “Стив Наумов“. Скопјанецот бил физички нападнат од страна на обезбедувањето на дискотеката. Дежурен лекар констатирал тешки телесни повреди и истот ќе биде задржан за понатамошно лекување.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.