Полиција бара граѓани што не му помогнале на старец кој умирал пред банкомат


Германската полиција е во потрага по четири лица кои можат да завршат во затвор затоа што не му помогнале на 82-годишен старец кој имал сериозни здравствени проблеми.brza pomos policija eksplozija

Осомничените се бараат врз основа на законот кој предвидува казни за секој граѓанин кој нема да помиогне на човек во неволја. Меѓу осомничените, чии имиња се уште не се откриваат, има и мажи и жени кои се снимени на камера за видео надзор како поминуваат преку старецот кој паднал пред банкомат во градот Есен. Ниту еден од луѓето што чекале зад старецот кој подоцна починал не повикал брза помош ниту помогнал во ситуацијата.

„Некои од нив минале покрај човекот на умирање за да ги завршат своите финансиски трансакции. Против нив е поднесена кривична пријава за одбивање да пружат помош. Сигурни сме дека ќе ги најдеме наскоро“, се вели во соопштението на полицијата во Есен, јавува дописникот на МИА од Берлин.

Германија е една од триесетина земји во светот коишто имаат закон за „обврска за спасување“ што во некои земји се нарекува и закон за „Добри Самаријани“ според кој непомагање на луѓе во опасност е кривично дело.

За ова кривично дело во Германија може да се добие до една година затворска казна.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1