Мајкл Даглас: Вал Килмер има рак на грлото, прогнозите не се добри ФОТО


Гостувајќи во лондонскиот театар во разговорот со Џонатан Рос, славниот американски актер открил дека неговиот долгогодишен пријател 56-годишниот актер Вал Килмер ја поминува истата голгота со ракот на грло која и самиот ја искусил пред неколку години.majkl-daglas

Иако досега Вал Килмер упорно ги демантираше сите медиумски натписи дека е тешко болен, неговата добро чувана тајна ја открил актерот Мајкл Даглас минатиот викенд во Лондон. Гостувајќи на трибината на познатиот британски телевизиски водител и актер Џонатан Рос, Даглас зорувал за сè, па и за филмот кој пред 20 години го снимил со Килмер, а кој бил големо разочарување за публиката и за критичарите. Помеѓу останатото, Даглас се осврнал и на сегашната здравствена состојба на американскиот актер.

– Вал е прекрасно момче кое се бори со истата болест како и јас некогаш, со ракот на грлото и не е баш најдобро, прогнозите не се добри. Моите молитви се со него. Болеста е причина зошто последните години не снима и не се појавува во јавноста – рекол Даглас.

За болеста на Вал Килмер веќе долго се шпекулира, а актерот не криел ниту на социјалните мрежи дека поради здравствените проблеми често престојува во болница, но упорно ги демантирал натписите дека станува збор за рак на грло.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1