Гостувајќи во лондонскиот театар во разговорот со Џонатан Рос, славниот американски актер открил дека неговиот долгогодишен пријател 56-годишниот актер Вал Килмер ја поминува истата голгота со ракот на грло која и самиот ја искусил пред неколку години.
Иако досега Вал Килмер упорно ги демантираше сите медиумски натписи дека е тешко болен, неговата добро чувана тајна ја открил актерот Мајкл Даглас минатиот викенд во Лондон. Гостувајќи на трибината на познатиот британски телевизиски водител и актер Џонатан Рос, Даглас зорувал за сè, па и за филмот кој пред 20 години го снимил со Килмер, а кој бил големо разочарување за публиката и за критичарите. Помеѓу останатото, Даглас се осврнал и на сегашната здравствена состојба на американскиот актер.
– Вал е прекрасно момче кое се бори со истата болест како и јас некогаш, со ракот на грлото и не е баш најдобро, прогнозите не се добри. Моите молитви се со него. Болеста е причина зошто последните години не снима и не се појавува во јавноста – рекол Даглас.
За болеста на Вал Килмер веќе долго се шпекулира, а актерот не криел ниту на социјалните мрежи дека поради здравствените проблеми често престојува во болница, но упорно ги демантирал натписите дека станува збор за рак на грло.