Малкумина знаат дека идејниот творец на легендарниот ветеран-одметник Рамбо е Тед Kочев, режисер и продуцент со богата биографија, чии родители емигрирале во Kанада во 20-те години на минатиот век. Вилијам Теодор Kочев денес има 85 години и с` уште работи во филмската индустрија.
Во својата биографија пишува дека е Македонец и по мајка и по татко.
Работел со Фонда, Хекман, Свејзи, Рив. Педесетина долгометражни играни наслови се запишани во неговата кариера. Речиси во сите нив работел со славни холивудски актери. Во последните 12 години бил и режисер и извршен продуцент на мегапопуларната серија „Закон и ред“.
Негов најпопуларен наслов е „Прва крв“, односно првиот дел од серијалот за Џон Рамбо, што ги режирал Kочев. На прашањето зошто Рамбо не умира на крајот на филмот, иако во книгата е така, во интервју Kочев објаснува:
– Kога го избрав Силвестер за улогата, работевме заедно на сценариото, го напишавме крајот на неколку начини, имавме можеби 16 верзии, додека не ни текна ликот на полковникот да го убие. И кога не можеше тоа да го направи, Рамбо извршува харикири. Тоа е „алтернативен крај“ што може да се види на некое од дивидијата. Откако ја снимивме таа сцена, Силвестер ми пријде и ми рече дека ликот што ти не прошол – скока од карпи, го рануваат, кучиња го јадат – и сега да го убиеме? На публиката нема да ~ се допадне тоа. И беше во право.
Со таа одлука Kочев стана главен виновник и за долгиот живот на Џон Рамбо на филмското платно, кој доживеа уште три продолженија.