Млади Македонци заработуваат илјадници долари на протрамповски сајтови


Повеќе од 100 сајтови што пласираат информации (меѓу нив многу и лажни) во корист на Доналд Трамп работат во Македонија, пишува Базфид.

Американскиот портал како своја насловна приказна објавува текст под наслов „Како Македонија стана глобален центар за ширење на протрамповски неточни информации“, пренесува Б92.tramp

„Ова е милениумска вест“, се наведува во текстот на сајтот ВорлдПолитикус.ком, што се повикува на „неименувани извори од ФБИ“ и тврди дека Хилари Клинтон во 2017 година ќе биде обвинета за мејловите.

„Вашите молитви се послушани“, се наведува во текстот, што досега на Фејсбук имал повеќе од 140.000 споделувања. Истовремено, на одалеченост од околу 6.000 милји во малиот град во Македонија, едно момче набљудува како парите се слеваат на неговиот Гугл Адсенс налог“, пишува Базфид.

Истражувањето на порталот покажало дека во последната година во градот Велес, во кој живеат само 45.000 жители, дошло до „дигитална златна треска“, бидејќи млади локалци отвориле 140 сајтови што се занимаваат со американската политика на звучни имиња, како што се – ВорлдПолитикус.ком, ТрумпВисион365.ком, УСКонзервативТудеј.ком , ДоналдТрумпЊуз.ко, и УСАДејлиПолитикс.ком.

Главно сите агресивно навиваат за Доналд Трамп и целна група им се конзервативците. Меѓутоа, штосот е во тоа што младите Македонци кои ги стартуваа и не се грижат многу за шансите на Трамп.

„Тие едноставно се водени од економски мотиви. Корисник на Фејсбук од САД е четири пати повреден од кликот надвор од САД. Малиот дел долари што одат на еден клик е голем во Велес. Неколку тинејџери и млади луѓе кои ги водат овие сајтови изјавија дека откриле дека Фејсбукот е најдобар начин за генерирање на сообраќајот за ширење на политички приказни, а најдобар начин за предизвикување споделување (шерување) на содржаните е објавување на сензационалистички и често пати лажни текстови што се обраќаат до приврзениците на Трамп, пишува порталот.

Соговорниците на американскиот портал велат дека единствена причина за овој „бизнис чекор“ е ласната заработка.

– Го отворив сајтот за лесно да дојдам до пари. Овде економијата е многу слаба, тинејџерите не можат да работат, така што наоѓаме креативни начини да заработиме Јас сум музичар, кој не може да купи опрема. Овде и приходот од малиот сајт доволен за да се купи многу нешто, наведе тој.

Повеќето содржини на овие сајтови се копирани или целосни плагијати од крајно десничарски сајтови во САД.

„Македонците некаде ќе видат приказна, ќе направат сензационален наслов и брзо го објавуваат. Потоа го ставаат на Фејсбук и се обидуваат да прават содржина. Што повеќе луѓе го кликнуваат тој пост на Фејсбук толку повеќе пари заработуваат“, се наведува во текстот.

Имало обиди и за „левичарење“ со содржини за Берни Сандерс, но „ништо не функционира толку добро како Трамп“.

Како што се наведува во текстот, оние кои први се досетиле на „трампувањето“ во Велес месечно заработуваат и до 5.000 долари, „дури и 3.000 дневно доколку кликовите тргнат“.

– Ако Трамп загуби на изборите, планот ми е да се преориентирам на спорт – вели еден од нив.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1