Народни верувања: Погледнете што не смее да се прави во петок


Петок е ден за кој се поврзани можеби најмногу верувања, особено што долго време се сметал за „баксузен“.

Во петок никако не треба да се чешлате, затоа што се верува дека од тоа ќе добиете главоболка и косата побрзо ќе ви поседи.petok rabota

Често може да слушнете како постарите домаќинки велат дека во петок не се мијат алишта, не се усисува, ниту се прават било какви други домашни работи. Некои велат дека не е добро ниту да се бањате и да ги сечете ноктите во петок зошто ќе привикате болести и беспарица.

Се верува дека сите работи треба да се завршат во петок, а нови никако не треба да се започнат на овој ден.

Уште една работа никако не треба да ја прави во петок, доколку сакате да имате пари! Се верува дека во петок никако не треба да се позајмуваат пари, а ниту да се враќаат долговите.

Во некои домаќинства важи правилото дека во петок ништо не треба да се дава од одма, а особено не прехранбени намирници од животинско потекло.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1