Судбина или сепак не, ова останува вечната дилема која ја размислуваме кога ќе слушнеме дека починала некоја позната личност.
Сепак иако некој велат сами си ја предизвикуваме судбината, како на пример сообраќајната несреќа на актерот Пол Вокер, смртта на Ејми Вајнхаус од предозирање или мистериозното убиство на манекенката од страна на своето момче Оскар Присториус.
Сепак познатите личности пред да умрат оставиле и свои трајни белези на социјалните мрежи, во продолжение еве ги последните твитови напишани само неколку часа пред смртта на едни од најпознатите личности во светски рамки.
Ејми Вајнхаус, пејач (1983-2011)
Твитот кој го објавила пејачката очигледно само ја докажа нејзината состојба во која се наоѓала пред да настапи нејзината смрт од предозираност.
Пол Вокер, актер (1973-2013)
Познатиот актер од филмот Брзи и Бесни загина за време на снимањето на седмото продолжение, па снимањето продолжи на голема жалост без него физички, додека во филмот беше присутен со помош на фотошоп технологијата.
Блискоста помеѓу актерите од филмот токму највеќе се почувствува преку последниот твит на Пол на кој тој со фановите споделил фотографија од снимањето на филмот.
Мухамед Али, боксер (1942-2016)
Најпознатиот боксер во светот Мухамед Али со своите фанови се опрости откако сподели твит со фотографија директно од рингот.
Рива Стинкамп, модел (1983-2013)
Младата манекенка со јужно африканско потекло Рива која беше застрелана од нејзиното момче параолимпиецот Писториус, можеби имала пречувство за целиот настан па го споделила следниов твит:
Робин Вилијамс, актер (1951-2014)
Додека некои твитови семејствата на починатите ги бришат поради тагата по нивната загуба, сепак семејството на актерот Вилијамс одлучи да го остави твитот за да ги потсеќа вечно на него, а последниот негов твит беше со искрени роденденски желби за неговата ќерка.