НОВИ ДЕТАЛИ: Детали за дивеењето во болница: Вработен од обезбедување ја скршил вратата, починатиот му бил вујко


Вратата на Ургентниот центар во Градската општа болница 8-ми септември ја скршил член на патролното обезбедување кој дожол на повик да го заштити медицинскиот персонал од разбеснетите роднини кои синоќа дивееле во болницата.

Откако разбрал дека починатиот му е вујко со клоци и тупаници удирал по вратата.gradska-8-setemvri-policija-nokj

Во Билтенот на МВР стои дека по неколкуте неуспешни обиди за реанимација на пациентот тој починал, а група гневни членови на семејството влегле во просторијата за реанимација, искршиле дел од инвентарот, ја скршиле влезната врата на болницата, го зеле починатиот и заминале.

Вечерта околу 23 часот во болницата дошол братот на починатиот, ги потпишал потребните документи и се извинил на медицинскиот персонал за нередот кој го направиле членови од неговото семејство.

Нема да се прави обдукција врз телото. Од МВР најавуваат целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1