Ме силуваше, тепаше и шутираше, но повеќе од страотните болки што ми ги нанесе ме печеше понижувањето, раскажува жртвата на тортура од страна на полицаец од Алексинац.
-Срам ми е да раскажувам што ми правеше, тоа не може да се опиште со зборови. Повеќе од болката што ми ја нансе ме печеше понижувањето. Го молев да ме убие само да не ме мачи повеќе, ја раскажува својата голгота З.Р. (46) од Алексинац која шест дена ја држеше затворена и ја силуваше полицаецот З.С. (43) со кого била во љубовна врска.
Несреќната жена вели дека биле заедно речиси година ипол и дека често бил насилен кон неа, но таа го трпела тоа од страв.
-Кога влеговме во врска, се надевав дека ќе ми биде убаво. Јас вдовица, тој разведен, сметав дека ќе ни биде подобро да бидеме заедно отколку сами. Но тој од почетокот беше насилен, секогаш беше многу љубоморен. Кога се бањав ставаше столица покрај вратата, не можев сама ни до тоалетот. Упорно ме обвинуваше дека го мамам, а одев за надница да заработам некој динар за себе и своите деца зошто од него никогаш ништо не барав, а тој ме тепаше. Ми зборуваше: Одиш на улица да се курваш! Можете да ги прашата соседите, никогаш со никој друг не сум била по смртта на мојот сопруг, освен со него, вели З.Р.
Меѓутоа не можела ниту да насети дека најлошото ја чека.
-Минатата среда ме повика по телефон да одиме на кафе. Влегов во неговиот автомобил и отидовме до сточниот пазар во Алексинац. Тука во колата ме држеше четири дена и ме силуваше. Во средата ми даде да изедам една плескавица, а во саботата една паштета и тоа беше се, вели со треперлив глас жената и додава.
-Ми рече дека ќе ме убие и мене и себе, ама јас тоа го посакував за да престанат моите маки. Го молев да ме пушти, му зборував дека имам дома две деца, дека се гладни, жедни…Но се беше залудно. Дури по 4 дена во возилото, ме однесе во својот стан, каде продолжи да ме напаѓа, и ме пушти дури во понеделникот, кога бев речиси мртва.
З.Р. вели дека не може се уште да се опорави од траумата.
-Срам ми е од соседите, се кријам од сите. Се плашам дека кога ќе го пуштат, знам дека е подготвен на се. Стравувам за децата а немам каде да одам, заклучува жртвата на страотното злоставувањ.
Насилниот полицаец силувач во моментов е во притвор.