Трнливиот пат до славата: Ме навредуваа и ме тераа да се сликам гола


Многу славни жени преживеале пекол за да стигнат до „ѕвездите“, а Мила Кунис одлучила отворено да проговори за ситуацијата во која се нашла кога ја градела својата кариера.

„Ми се случи да ми кажат дека морам да се сликам гола, дека морам да бидам во машки магазини за да успеам во мојата кариера и работа. Секако, тоа не ми одговараше. Никогаш нема да ја заборавам реченицата: ‘Или ќе се соблечеш, или повеќе нема да снимаш во Холивуд‘.Меѓутоа, ја имав таа среќа што филмот кој го снимав тогаш доживеа голем успех и таквата уцена не ми ги уништи плановите“, вели Кунис.mila-640x626

Таа вели дека трпела разни навреди.

„Како жена која е во светот на шоубизнисот, неколку пати добивав помалку пари од мажите кои работеа и помалку од мене. Исто така, илјада пати ме измамија за пари, а да не зборувам за тоа дека некои хонорари воопшто ги немам добиено“, наведува Мила. Сепак, актерката неколку пати се има фотографирано за некои машки магазини, а како што вели, тоа било поради нејзин избор.

Таа и актерот Ештон Качер моментално го чекаат своето второ дете, а Мила вели дека улогата на мајка ѝ го променила погледот кон светот.

„Децата ги воспитуваме во духот на скромноста. Се` што имаат мораат сами да го заработат“, додаде славната актерка.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1