Хорор во прилепско: Ја тепал и силувал невенчаната сопруга на братот


Триесет годишниот С.С. од едно прилепско село ноќта во понеделникот кон вторникот ја силувал невенчаната сопруга на неговиот брат.

Хоророт на жената започнал откако С.С. земал автомобил „Голф 4“ од соселанец и отишол во плевната каде се наоѓале неговиот брат Ш.С. (50) и жената Л.К. (52). Во еден момент Ш.С. заминал во куќата на третиот брат С.С., а напаѓачот го искористил моментот додека Л.К. била сама и физички ја нападнал.siluvanje

Од полицијата информираат дека следувал насилно внесување во автомобилот по што заминале во правец кон Велес. За време на возењето С.С. постојано ја удирал жената, а кога возилото останало дефект тој излегол, продолжил со ударите и ја силувал на предното седиште.

-Отишле во некој објект на приватна фирма каде С.С. побарал телефон да му се јави на братот. Откако разговарал со него си заминал, а Л.К. останала во објектот, велат од полицијата.

Кога Ш.С. дошол на местото, жената се му раскажала по што случајот го пријавиле во полицијата која сега трага по С.С.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1