Луѓе верни на Гадафи заразиле деца со ХИВ во болница во Бенгази


Двајца поранешни службеници во режимот на Гадафи вбризгале ХИВ вирус во деца во болница во Бенгази, наведено е во белешките на еден поранешен шеф на либиската влада, кој е во рацете на француското правосудство, а тоа откритие доаѓа десет години по ослободувањето на бугарските болничарки кои биле лажно обвинети за таа зараза.

Шукри Ганем, шеф на владата на Гадафи од 2003. до 2006. година, а потоа министер за нафта, во белешките откриени по неговата смрт во 2012. година, пишувал за аферата со петте бугарски болничарки и еден палестински лекар, кои биле во затвор од 1999. до 2007. година, а ослободени по кампањите во Франција.

gadafi3
Ганем во белешките наведува дека во 2007. година го посетил Мохамед Ел Кадар, член на истражното биро основано ви Либија за ослободување на болничарките, известила француската веб страна Mediapart.
Абдалах Сеноусе, шеф на разузнавачките служби во истрагата раскажал дека заедно со шефот на либиските специјални служби, Муса Куса, го набавил заразниот вирус, со кој ги заразиле децата.
Податоците од тие белешки откриваат и сомненија во либиското финансирање на Никола Саркози за претседателските избори во 2007. година, според еден извор близок до тој предмет. Шукри Гамен навел дека на 29. април 2007. година имало три исплати за кандидатот за француски претседател, од најмалку 6,5 милиони евра.
Муса Куса живее во егзил, Абдалах Сеноусе е депортиран во 2012. година од Мавританија во Либија, каде и ќе му се суди.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1