Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ тргна по Зоран Заев. Бидејќи опозицискиот лидер, константно бега од изборен дуел Груевски на овие избори ќе ја бара довербата во четвртата изборна единица
Првата изборна единица на најголемата предизборна коалиција досега ќе ја предводи Никола Попоски. Во двојка, прв на листата ќе биде Никола Тодоров, а Димовски ќе ја води третата изборна единица. Во петката традиционално, останува Антонио Милошоски, додека во шестката носител на листа ќе биде Влатко Ѓорчев.