Баба Милка од Белград, која сега има 85 години, ги чувала децата на новиот претседател на САД, Доналд Трамп.
– Многу е добар и вреден, има добра душа. Не знае да ги мрази луѓето. Нема извештаченост, сè е природно кај него. Многу ги сака Балканците, особено Србите и српската жена – вели баба Милка за „Ало“.
Таа за Трамп работела цели осум години, како дадилка на неговите деца, и вели дека тој ја сметал не за помошничка, туку за член на семејството.
– Ги чував синовите на Трамп, Доналд и Ерик. Добро плаќаше, беше дарежлив. Супер ми беа тие осум години. Замислете, за секој роденден ми даваше по 1.000 долари. Ги сакав многу неговите деца, а и тие мене – додава баба Милка.
Додава и дека Трамп се грижи за своите деца и тие секогаш му се приоритет.
– Доаѓа дома, мие раце и веднаш сè остава на свое место, па веднаш се фрла во прегратка на децата. Многу ги сака своите наследници. Ги држеше в скут и така разговараа. Прашуваше и мене како ми поминал денот, а и што правеле тие – вели Србинката.
Вели дека ѝ е жал што се разделил од Ивана, бидејќи добро се согласувале.
– Му посакувам среќа, ја заслужува, завршува бабата.