Јавното обвинителство од Гостивар започна истрага за лажното тврдење на Ф.А. (57) од Гостивар, вработен како професор по хемија во гостиварската гимназија и две ученички во втора година, кои тврделе дека се затруени.
Тие вчера дошле во градската болница во Гостивар и се жалеле на малаксаност и вртоглавица на часот по хемија, а во училницата почувствувале неподнослив мирис. На нив била укажана лекарска помош, а инфектолог констатирал дека тие немаат знаци за труење. Полициски иследници направиле проверка на кабинетот по хемија кои не откриле никакви предмети или траги, ниту пак почувствувале никаков неподнослив мирис.