Детали за сообраќајката во која загина 24-годишна девојка од Скопје


Трагедија синоќа го зави Скопје во црно кога во 16 часот и 45 минути на регионалниот пат Скопје – Велес, во населбата „Гоце Делчев“, млад живот згасна во сообраќајка.video3

Според податоците кои денеска ги објави МВР, се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „Пежо Партнер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 24-годишната Д.П. од селото Јурумлери која удрила во автобус „Лаз“ со скопски регистарски ознаки, управуван од страна на 32-годишниот скопјанец Т.П..

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила девојката која со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Ургентен центар Скопје. И покрај напорите на лекарите, таа во 18 часот и 20 минути починала.

Увид на местото на настанот извршила екипа од полицијата. По наредба на Јавен обвинител на местото излегол обдуцент од институтот за судска медицина.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1